Како да изберете вистински душек за вашето дете

Креветот и душекот се исклучително важни за квалитетно спиење и правилен развој на Вашето дете. Спиењето не е губење време, туку неопходен процес за обновување и освежување на телото и духот.

Човекот минува третина од животот во спиење и затоа е важно креветот да биде удобен и приспособен на телото. Затоа, кога ќе бирате душек за вашето дете, треба посебно да внимавате…

Како да одберете квалитетен душек за вашето дете

Квалитетот на креветот и душекот е пресуден за квалитетно спиење и здрав ‘рбет на вашето дете. Спиењето не е губење време, туку неопходен процес за обновување и освежување на телото и духот. Човекот минува третина од животот во спиење и затоа е важно креветот да биде удобен и приспособен на телото.

Денес, како што се развиваат науката и технологиите, креветите и душеците се доведени скоро до совршенство и при нивната конструкција учествуваат стручњаци од секаков профил.

Сепак, тоа не значи дека секое легло е добро за вас. Кога за вашите деца ќе бирате душек, треба посебно да внимавате.  За правилен развој на мало дете, неопходен е мек душек, од природен латекс, врз подлога која ќе дава поддршка на детскиот ‘рбет.

На што треба да обратите внимание кога ќе бирате соодветно легло?

Креветот треба да обезбеди правилен развој на рбетот. Во денешно време, подлогите се направени од летвички или од полна дрвена подлога. Сепак, најважен елемент на креветот е душекот.

На нашиот пазар, можете да најдете повеќе модели на душеци, со јадро од : федери, латекс или мемори пена. Од полнењето на јадрото, најчесто зависи и цената на душекот.

Идеалниотдушек треба да биде 20 см подолг од висината на тој што ќе спие. Идеалната ширина за возрасен е 90 до 100 см, а за детски кревет 80 см. Висината на креветот се мери вака: кога ќе седнете на него, а стапалата ви се на подот, колената треба да ви бидат свиткани под агол од 90 степени.

Избор по мера на на детето

Душекот треба да биде потпора за тешките делови од телото, а тоа се рамената и колковите. Кога лежиме, ‘рбетот треба да има иста форма како и кога сме сиправени.

Што се однесува до душеците за бебиња, треба да знаете дека не смее да има празен простор меѓу работ на креветчето и самиот душек. Душекот не треба да биде премногу тврд, ниту пак премногу мек.  Инаку, душеците за бебиња обично се многу потенки од тие за возрасни, зашто и бебето има мала тежина. Како што детето расте и се развива, така и душекот треба да му се смени.

Додека не почнат да се вртат од грб на стомаче, бебињата се вртат како стрелки од часовник во креветчето, па затоа, креветчето треба да им биде што е можно пошироко.

За бебињата не е потребна перница. Без перница, детенцето може да спие до 2-3 години. Инаку, се препорачуваат перници со дебелина од 10-15 см. Постојат секакви димензии на перници, а кај нас ги има со ширина од 45-60 и должина до 80 см.

Инаку, педијатрите препорачуваат за бебе секогаш да се земе нов душек, а не наследен.  Имено, една од причините за изненадна смрт во првите месеци кај новороденчињата е и спиењето на наследен душек (се претпоставува, поради микроорганизмите кои живеат во веќе користените душеци). Некои стручњаци не се сложуваат со ова, но сепак, ова е појава која се истражува, па треба да го имате ова во предвид.

Ако сепак, моменталната финансиска ситуација не ви дозволува нов бебешки душек, водете сметка наследениот душек да биде од познато семејство и точно да знаете кој спиел претходно на него, колку е душекот чист и каде бил чуван. Имено, душекот не смее да се чува на места каде што има влага. Инаку, постојат сервиси кои можат прилино успешно да го исчистат душекот од микроорганизми, па треба да се информирате и за цената на ваквата услуга.

Што се однесува до душек за поголемо детенце, треба да имате предвид дека секој душек може да се користи од 8 до 10 години.  Тоа треба да го имате на ум кога земате веќе користен душек.

Се препорачува, малечко дете треба да спие мек душек од природен латекс, со потпора од летвички.

Најбарани душеци

Последниве години, најбарани се душеците со јадро од природен латекс, како и оние изработени во комбинација од латекс и јадро од микрофедерчиња. И едниот и другиот вид се антиалергиски и со преслека од 100% памук. Душекот со јадро од латекс пропушта воздух и е трајно еластичен.

Ако вие или вашето дете сте склони на алергии, треба да знаете дека ваквите душеци се создадени за вас. Обично, душеците кои имаат јадро од природен латекс, се антиалергиски.

На поголемите деца треба да им се купи подолг, поширок, но и понизок кревет, за да можат лесно да се симнат. Доколку детето мора да спие на кревет на развлекување, педијатрите советуваат тоа да трае пократко време.

Што уште треба да знаете за перниците?

Доколку спиете на стомак, перницата треба да биде, или многу мала или воопшто да не се користи. Перниците со анатомска и ортопедска потпора се добри за оние кои спијат странично или на грб. Ако спиете претежно на грб, се советува да користите потврда перница.

На деца, обично, не им се потребни анатомски перници, бидејќи немаат проблеми со вратот. Антиалергиски перници се оние кои имаат полнење од латекс или природна волна.

За векот на траење на перниците, треба да знаете дека препорачливо е менување на перницата 1-2 пати годишно.

    Напишете коментар

    Мени