Вовед

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Мебел МК
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.mebel.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на Мебел МК.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Мебел МК нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на Мебел МК.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Мебел МК се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на Мебел МК.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Мебел МК преку веб страната www.mebel.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.mebel.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија.
Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.mebel.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Мебел МК
Мебел МК го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Мебел МК, www.mebel.mk.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.mebel.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во салоните на Мебел МК и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.mebel.mk.
Мебел МК го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Мебел МК.
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Мебел МК има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.mebel.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.
Мебел МК го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на www.mebel.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на Мебел МК, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на Мебел МК – www.mebel.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.
Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.

Мени